Skip to main content

Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните двеста илјади дози на „Синофарм“ вакцината од НР Кина

Од вторник започнува масовната вакцинација на населението низ големите вакциналните пунктови во шесте големи градиво и Скопје. Министерот Филипче истакна дека Месец Мај е месец во кој се очекуваат уште пратки на вакцини и очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население што во целост ќе ја смени сликата со епидемијата во земјава.

 |   | 

Од вторник започнува масовната вакцинација на населението низ големите вакциналните пунктови во шесте големи градиво и Скопје. Министерот Филипче истакна дека Месец Мај е месец во кој се очекуваат уште пратки на вакцини и очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население што во целост ќе ја смени сликата со епидемијата во земјава.

Рано изутрина пристигнаа 200.000 вакцини кои се купени со директни преговори со производителот „Синофарм“ од НР Кина. Министерот за здравство Венко Филипче, кој ја пречека пратката заедно со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, рече дека вакцинацијата ќе почне од 4 мај, вторник, во Скопје во „А1 арената Борис Трајковски“ и во спортски сали во шест градови во земјава. Дневно ќе се вакцинираат по 10 до 15 илјади луѓе.

Овие вакцини коишто се веќе пакувани во шприцеви со игли веќе подготвени за апликација, затоа и палетите се толку големи ќе бидат распределени во сите тие големи вакцинални пунктови во сите шест градови плус во Скопје спред оној број на пријавени граѓани според возраста по региони, вакцинацијата ќе започне во вторник, пунктовите се подготвени, луѓето се таму се координираат станува збор за здравствен кадар не само од тие градови туку и од другите околни градови кои ќе помагаат, се очекува бројтата на граѓани кои на ден ќе се вакцинираат ќе биде меѓу 10-15 000“ кажа Венко Филипче – Министер за здравство на Република Северна Македонија.

Службите веднаш ќе ги проверат вакцините во делот на ладниот ланец и ќе се сместат во ладната соба која беше донација од фондот Direct relief од каде во текот на наредните денови, најдоцна во понеделник ќе бидат дистрибуарини низ сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација ширум државата , во Скопје во салата „Борис Трајковски“ и во останатите шест града исто така во спортските сали , Куманово, Штип, Тетово, Кавадарци, Охрид и Битола и спред распоредот на веќе пријавени граѓани па така спред направениот распоред зв акцинацијата.Министерот Филпче истакна дека ќе се вакцинираат пријавените граѓани и секако оние со приоритет. Вакцинацијата ќе се спроведува и на големите но и на малите пунктови на самиот почеток, бидејќи има кадар. Во НР Кина масовно се спреводува процесот на Вакцинација, но со популација од 1,4 милијарди жители сеуште се далеку од постигнување на саканиот процент на вакцинирано население. И покрај тоа НР Кина обезбедува вакцини за повеќе од 100 земји и организации ширум светот., а вакцинацијата е моќно оружје за победа над епидемијата, истакна Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во РС Македонија.

Денеска официјалната испорака на првите 200.00 вакцини против КОВид 19 во Северна Македонија, претставува не само нов камен темелник на солидарноста меѓу нашите две земји во борбата против епидемијата, туку исто така и се испишува и ново поглавје во пријателството помеѓу двата народи“ изјави Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во РС Македонија.

Месец Мај е месец во кој се очекуваат уште пратки на вакцини и очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население што во целост ќе ја смени сликата со епидемијата во земјава. Пристигнуваат 500000 дози на вакцината „Синовак“, потоа 10000 0дополнителни дози на вакцината „Синофарм“ донација на министерството за одбрана на НР Кина, и 26000 дози Фајзер со директен договор.Останува неизвесна испораката на Астразенека вакцината поради ситуацијата во Индија а не се знае точниот датум на испорака на руските вакцини. Министерот Филипче апелира до граѓаните да се вакцинираат со вакцина која во моментот ќе биде достапна на вакциналните пунктови уверувајќи дека сите вакцини се безбедни.