Skip to main content

Охридската полиција со засилени контроли за време на Велигденските и Првомајските празници

Помеѓу 1 и 2 мај нема да има полициски час.  Но затоа полицијата и инспекциските служби ќе имаат засилени контроли на терен. Од СВР Охрид апелираат секој поединец да води грижа пред се за своето и здравјето на најблиските со почитување на заштитните мерки.

 |   | 


Засилени контроли за време на Велигденските и Првомајските празници.  Најголем акцент ќе биде ставен на почитување на мерките и протоколите за заштита од заразни болести.  Самостојно,  но и заедно со инспекциските служби  ќе се врши контрола и во угостителските објекти.
Од полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките да се носи зашитна маска  и да се држи социјална дистанца. Секој да води грижа за своето здравје.

„Полициските службеници во изминатиот период имаа интензивн разговори со преттавници на хотелите, рестораните, бродарите и со претставниците на Дебарско кичевската епахија а целта е сите да придонесеме да имаме безбеден гад и аштита на граѓаните од Ковид 19“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Засилено полициско обезбедување ќе има и во верксите објекти,  но и во сообраќајот.

„Сите овие денови предвидени се полициски патроли и полициски тимови на позначајните и пофрекрвентните сообраќајници, на  влезот на Охрид, во централното градско подрачје, на излезот кон туристичките локалитети , околу црковните храмови и целта е да придонесеме да имаме безбедни празници. Граѓаните и гостите да бидат сигурни и безбедно да се чувствуваат“, додава Димоски.
Според најавите Охрид од денес е полн со туристи. Најголемиот број од нив се домашни гости, но  има и од регионот.