Skip to main content

Пристигнаа вакцните на кинески „Синофарм“ во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, од утре започнува масовната имунизација против Ковид-19

На 14 пунктови и 28 вакцинални места, планирано е дневно да бидат вакцинирани околу илјада и петостоини граѓани. Здравствените работници апелираат до населението масовно да се вклучи во процесот на имунизација, бидејќи како што велат, тоа е единствениот начин да се извојува победа врз пандемијата.

 |   | 

Од утре започнува процесот на масовна имунизација во земјава. Денес во спортската сала „Билјанини извори“ пристигна дел од пратката на кинеските „Синофарм“ вакцини. во периодов кој претстои ќе биде регионален центар за вакцинација против Ковид 19, за општините Охрид, Струга, Дебрца, Дебар, Кичево и Ресен. Здравствените работници апелираат до населението масовно да се вклучи во процесот на имунизација, бидејќи како што велат, тоа е единствениот начин да се извојува победа врз пандемијата.

Охрид како регионален центар е спремен за вакцинација на граѓани од градовите од регионов како Охрид, Струга, Дебрца, Дебар, Кичево и Ресен. Апелирам што поголем број на граѓани да се пријавуваат за да се вакцинираат и за да го победиме ова зло“ вели д-р Ајсел Зејноска – в.д. директор Здравствен дом од Охрид.

Во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид веќе се подготвени 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат околу 1.500 граѓани. За вакцинација во салата ангажирани се 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работат во две смениод 08-20 часот од понеделник до сабота, објаснува Зејноска. Претходно беше направена и симулација за тоа како ќе се одвива процесот на имунизација која помина во најдобар ред и сега охридскиот регионален центар е подготвен во целост да започне со имунизација на населението.

Мислам дека еден од првите центри коишто беше подготвен за примање, подготвка и вакцинирање на населението во овој регион е охридскиот. Екипите се спремни, направени се распореди, кои медицински екипи, кои тимови, имаме направено и една анализа за постапување при несакани ефекти, но мислам дека ќе помини се во најдобар ред. Апелирам до населението да се вакцинираат што повеќе луѓе од овој регион, што е и акцент на овакцинајцијата, да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, тоа е единствена шанса да се победи пандемијата“ апелира Др.Горан Балевски – директор ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Планирано е да се вакцинираат по илјада и петстотини граѓани на ден, согласно термините, и согласно тоа како ќе доаѓаат граѓаните, а можно е и да се зголеми бројот на планирани вакцинации вели Др. Балески. Вклучени се екипите на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид, ЈЗУ Општа Болница Охрид, потоа тимот на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”, екипата на Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо Охрид и екипи од здравствените домови од Струга и Вевчани, така да можна е реализација на бројот на планираните вакцинации. Министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека наскоро се очекуваат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“, со што очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. Според министерот бројот на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10.000 и 15.000 илјади.