Skip to main content

Во ОУ „Григор Прличев“ одбележан Денот на културата во сообраќајот

Учениците покрај теоретскиот дел за сообраќајните правила и прописи и практично ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Авто школата „Старс“ во соработката со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот вакви едукативни анстани ќе одржи и во другите основни училишта во Охрид.

 |   | 


Сообраќајната култура треба да е одлика на секој поединец затоа што секој е учесник во сообраќајот како пешак, велосипедист, мотоциклист, возач на моторно возил, патник. Секој поединец носи одговорност за личната и безбедноста  на другите учесници во сообраќајот. Децата од најмала возраст треба да се учат да бидат  внимателни, одговорни, културни и толерантени учесници во сообраќајот, посочува м-р Соња Д.Шикалоска која по повод 11 мај – “Ден на култура во сообраќајот“ одржа едукативно предавање за учениците во ОУ Григор Прличев.  


„ Со презентирање на основните правила и прописи ние ја зголемуваме сообраќајната култура на децата во сообраќајот а со тоа и нивната безбедност, како да ги користат сообраќајните површини наменети за нив. Сообраќајната култура се всадува од мали нозе , од најрана возраст , уште како родители кога ги носиме децата в градинка, правилно да ги сместиме во детското седиште, правилно да излегува од возило и сл.  Само со примена на сообраќајните правила и прописи ќе ја зголемиме културата во сообраќајот. “ – истакна М-р Соња Д.Шикалоска од АШ “Старс Инженеринг“-Охрид.

Шикалоска покрај создавањето навика за безусловно почитување и применување на сообраќајните правила напоменува дека многу е важно децата да се едуцираат и за значењето на сообраќајната сигнализација од аспект на тоа дека истата не треба да се оштетува.

Покрај основната цел едукацијата на учениците, една од основните цели е и постојана  грижа за  безбедноста на децата, учејќи ги на сообраќајна култура и етика, потенцира директорката на ОУ “Григор Прличев”, Ивана Шикалеска. 

„ Дојдовме до идеја со Автошкола Старс и со МВР отсекот за превенција при СВР Охрид, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, овој настан да го организираме како централен настан за одбележување на 11 мај – “Ден на култура во сообраќајот“. Оваа група на деца е онаа ранлива категорија во сообраќајот  и покрај тоа што ги учиме на култура во сообраќајот поврзана со наставните програми упатуваме апел и до родителите и тие да внимаваат на учениците и заедно со нас да им ја обезбедиме максималната безбедност.“ – изјави Ивана  Маховска Шикалеска,  Директор ОУ „Григор Прличев“

Учениците со голем интерес го следеа предавањето за правилата до кои треба да се придржуваат како учесници во сообраќајот како сопатници во возило, како пешаци и како возачи на велосипеди и тротинети.  По теоретскиот дел  и практично ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Учениците под надзор на претставници од Отсек за Превенција при СВР Охрид и вработените во Автошколата “Старс“ возеа  велосипед во дворот на училиштето на инпровизирана крстосница исцртана од  автошколата,  волонтери  на Црвен крст  и ученици од ОЕМУЦ “Наум Охридски“ од сообраќајна струка.
– Јас сум внимателен во возењето. Внимавам на пешаците. Јас би им порачал на возачите на автомобили  да внимаваат , правилно да  возат, да даваат сигнали кога вртат. – вели еден од учесниците.
 – Јас внимавам кога возам со велосипед на улици. Им порачувам да не трчаат на улица, да слезат од велосипедот и да преминат улица .- ни изјави една ученичка. 
– Јас возам точак и внимавам на знаците исто и кога поминувам на пешачки премин. Им порачувам на  возачите на автомобили да внимаваат на нас велосипедитите и пешаците.

Едукативната програма за унапредување на сообраќајната култура во следните денови ќе продолжи и во другите општински училишта во Охрид .