Skip to main content

Илија Боев, Јаким Каневче и Љупчо Маслов раскажуваат за чудо со ликот на Богородица од пред 6 децении

Возрасни граѓани од Стариот дел на Охрид  сведочат  за силата Господова во најголемото духовно светилиште во земјава. Денес наполниле по  80 тина години, но како вчера да било се сеќаваат на Божјото чудо, кое  се случило пред околу шест децении во близина на црквата Свети Никола Геракомија.

 |  Соња Рилковска  | 

Возрасни граѓани од Стариот дел на Охрид  сведочат  за силата Господова во најголемото духовно светилиште во земјава.
Денес наполниле по  80-тина години, но како вчера да било се сеќаваат на Божјото чудо, кое  се случило пред околу шест децении во близина на црквата Свети Никола Геракомија.

Чичко Илија Боев, тогаш бил во цутот на младоста, денес жив сведок на појавата на ликот на Мајката Божја со Исус на прозореот од куќата на Коле  Котуше..
Било околу пладне, кога Божјото чудо се отсликало на прозорецот , а голем број граѓани се собрале и со неверување гледале,  се крстеле  и молеле пред иконата.

„Кога дните на младоста ќе паднат во заборав, нека убавите спомени останат во сеќавање. Се сеќавам поминував тука  и пред куќата на Коле покоен гледам народ собран  присутни луѓе. Пријатно се изненадив и се запрепастив, што треба да значи ова,  радост ли е?! Во тој момент некој рече еве на прозорецот се гледа Богодродица со Христос. Тоа навистина ме трогна,  се гордеам и радувам што до денес го паметам тој момент. Таа импресија  тоа е незаборавна работа. Јас застанав и реков ова е историски момент,  ова мора да се забележи, да се запомни, да се памти вечно како и што го паметам“, вели Илија Боев сведок на чудото.
За чудото на Мајката Божја сведочи и Јаким Каневче, кој вели таа случка  ја памети како да била вчера.
„Тоа беше некаде пред околу 60 години. Тогаш бев млад сега сум дедо 82. Старата куќа по лик е иста ама е преуредена внатре. На еден прозор беше ликот целиот вака до половина на Света Богородица.  Не можеш да го сликаш,  како да го гледаш во огледало. Одевме ние сите, од сегде доаѓаа да ја гледаат. Се чудевме како може така Богородица да се појави на прозорот. Тоа човек да го црта не може да го нацрта. Тоа беше само Божја работа“, раскажува Јаким Каневче сведок на настанот.

Во нивните сведоштва силно верува и нивниот пријател Љупчо Маслов, кој вели и лично бил сведок на повеќе Божји чуда,  кои му се случиле своевремено на пат до Ерусалим.

„Бев пријатно изненаден, но не и зачуден затоа што верувам дека чудата се Божја работа што одвреме Севишниот и Пресветата ни даваат до знаење дека се присутни, дека  не е ова само празно небо. Јас често велам држиме една црквичка кај Канео дека се е  Божја работа и не е ништо случајно. Муабетот пријанто ме изненади да не сум нескромен но се почувствував како почестен  што куќата е од моја сопруга од дедо и Коле Котуше. Токму тука се појавила Богородица и верувам дека не е ништо случајно  да ни даде до знаење дека се присутни заштитниците наши. Јас цврсто верувам дека сме постојано под нивна опсервација“, вели Љупчо Маслов верник.

Живите сведоци случката  ја раскажуваат со децении, на внуци, правнуци и пријатели, денес велат  ја повикаа , како што велат за ТВМ, охридската ТВ за да останат запишани нивните сведоштва и да се пренесуваат на идните генерации.