Skip to main content

Целата документација на најстарата поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ предадена во охридскиот архив

Рачни ракописи од голем број поети ширум светот, прес клипинзи од југословенскиот печат  од шеесетите години, фотографии се дел од богатат документација на „Струшки вечери на поезијата“предадена во охридскиот архив. Целиот фонд кој содржи и аудио и видео записи за најсатрата поетска манифестација ќе се обработи според стандардите на архивистиката и ќе се стави на располагање на научната фела и граѓаните.

 |  Соња Рилковска  | 

Целата документација на најстарата поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“, предадена во охридскиот архив.  Фотографии, документи, покани, прес клипинзи од југословенскиот печат  од шеесетите години , голем дел рачни ракописи од големиот број поети ширум светот, кои гостувале на поетската манифестација  ќе бидат архивирани и соодветно чувани за идните генерации како дел од историјата на земјава.

Во документацијата има и аудио и видео записи  на касети и микрофилмови.

„ Тоа значи огромен чекор не само за охридскиот архив  и за самата манифестација на чело со Тодорче Тасески успеаве да ги преземеме овие докуемнти и тие понатаму ќе бидат достапни за идните поколеинија како еден  вид сведоштво за оваа манифестација и врз основа нив нормано ќесе пишуваат  научни трудови“,  вели Никола Митровиќ, директор на Подрачно одделение Охрид на Државен Архив на РСМ.

Целиот фонд на документи ќе оди на ре-обработка согласно архивските стандарди, а потоа ќе има  публикации  достапни за научната фела,  која  ќе што ќе биде заинтересирана да го проучува овој фонд.

„Од страна на Државниот архив преземени се  54 архивски кутии со вреден архивски материјал, меѓу кои исто така има  фотографии, касети, магнетни ленти како и  струшките вечери на поезијата низ печатот. Овие архивски материјали ќе бидат средени и уредно зачувани во депото за натамошно истражување од страна на заинтересираните правни или физички лица“, вели Никола Савиќ архивар.

Струшките вечери на поезијата е единствена меѓународна манифестација од ваков вид, се смета за  мост меѓу литературните меридијани на светот Целокупната документација од Меѓународниот  фестивал од 1963 година до 1990 година, каде свој белег оставиле стотици еминентни поети од сите страни на светот, од денес  соодветно ќе се чува во државниот архив.

Во охридскиот архив, во последно време тренд е да се предаваат документи  кои имаат особена вредност во историјата и општествената дејност.