Skip to main content

„Учи паметно, работи стручно“ денес во Охрид се одржа отворен ден за промоција на стручното образование

„Учи паметно, работи стручно“ е кампања која МОН ја спроведува во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија , преку која учениците се стекнуваат со пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието, а компаниите добиваат стручно оспособен кадар кој на дадените работни задачи ќе одговори на стручен начин.

 |   | 

„Учи паметно, работи стручно“ е кампања која МОН ја спроведува во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија , преку која учениците се стекнуваат со пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието, а компаниите добиваат стручно оспособен кадар кој на дадените работни задачи ќе одговори на стручен начин. Денес, министерката за образование во Владата на Република Македонија Мила Царовска, изврши обиколка на пунктовите во двете училишта, за промоција на дуалните паралелки. Ако минатата година имало отворени 11 дуални паралелки, оваа учебна годи во земјава ги има 90, обасни министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Целта на дуалнто образование е да учениците кои што се во средните стручни училишта, да имаат поинтензивна пракса во копаниите , од една страна да се запознаат со културата и динамиката на работа на компанијата, но и дас е остручат во механизацијаат и се она кое што го имаат тие сите компании, за понатаму да најдат полесно работа или во тие компании или во таа гранка за која што добиле стручно образование“ кажа министерката.

На овој начин младите добиваат солидна основа за понатамошното образовно надградување, гаранција за добра заработка, конкурентност и финансиско осамостојување кое ќе ја намали младинската невработеност, а пак компаниите добиваат веднаш вработливи кадри. Целта на кампањата е во стручните училишта да се отворат барани профили во консултација со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи. Општина Охрид континуирано инвестира во подобрување на условите за учениците во средните училишта и за таа цел беа релизирани голем број инфраструктурни зафати, а беше доделен и рекорден број училишни стипендии.

„Општина Охрид изминатта година додели стипендии на вкупно 412 ученици, рекорден број на стипендии било кога доделен, во вредност од околу 6 милиони денари“ подвлече Константин Георгиевски градоначалник Општина Охрид.

Општинското угостителскко туристичко училиште „Ванчо питошески“ од Охрид е едно од двете училишта во градов каде се спроведува моделот на дуално образование и е регионален центар кој учестува во промоција на средното стручно образование.

„Од оваа година започнуваме со воведување на дуалното образование, преку две тригодишни паралелки, и тоа келнер и готвач, односно слаткар, и мислам дека ќе имаме и гоилем ефект бидејќи овие паралеки ќе бидат стипендирани од страна на МОН и тоа за секој ученик кој ќе се запише следуваат 3500 денари месечно“ рече Марјан Радески – директор ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Благодарение на „Учи паметно, работи стручно“, стручните паралелки се зголемијаод 61,66% во учебна 2020-2021, на 65,22% за учебна 2021-2022, односно 19.602 ученички места во 604 паралелки и 1190 ученички места во 35 паралелки.