Skip to main content

„Кинески ѕид“ ќе никне и во Охрид

Советниците на заминување го донесоа деталниот урбанистички план за охридскиот „Кинески ѕид“.

 |  Валентина Нелоска  | 
SRC
СРЦ
Советниците на заминување го донесоа деталниот урбанистички план за охридскиот „Кинески ѕид“.

Предлог одлуките за усвојување на четири детални урбанистички планови и една предлог одлука за утврдување на нацрт детален план ја вжештија работната атмосфера во Советот. Најспорни за советниците беа планот за дел од Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“, каде треба да се изградат објекти за домување со хотелиерство и хотели, како и предлог нацрт-планот за стариот дел од градот.  

ДУП-от за Спортско рекреативниот центар беше актуелен пред година и половина, кога охридската јавност се разбранува и дел од советниците реагираа за уништување на зелениот појас на овој потег. За советниците, прифатливи беа двата предложени хотели, но не и петте објекти, кои началникот на секторот за урбанизам Арнаудов, ги нарече „објекти за привремено домување“.  

sovetniciРеакцијата на охриѓани вроди со плод и на денешната седница планот се усвои без спорните објекти за привремено домување. Останаа двата хотели кои, како што беше речено, се наменети првенствено за потребите на спортистите.    

Инаку, работата на советот започна со барањето на советниците Томе Гиноски и Ванчо Огненов, точките од урбанизам да бидат повлечени од дневен ред.
Предлагачот, грaдоначалникот Александар Петрески, не ги повлече точките, советниците не ги прифатија предлозите на Гиноски и Огненов, по што тие ја напуштија седницата.    
По усвојувањето на петте точки од  област на урбанизмот, советниците  ги изгласаа и останатите седумнаесет точки. Станува збор за  голем број извештаи од сферата на урбанизмот, заштитата на животната средина,  јавната безбедност во сообраќајот, противпожарната единица, локалниот економски развој, како и од работењето на ЈП „Охридски комуналец“.

 

{loadposition content9}