Skip to main content

Градоначалникот Петрески со обвинувања до медиумите и до ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција на охридскиот градоначалник.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
DUP
ДУП
На денешната средба со новинарите, Александар Петрески се пожали дека е спречен како градоначалник да каже пред јавноста што направил во изминатиов 4-годишен мандат, наспроти веќе започнатата предвремена кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Петрески смета дека за тоа се виновни медиумите и кажа дека за неправилностите ќе се обрател до надлежните институции, до Советот на радиодифузија, ДИК и до антикорупциската комисија.

Aleksandar PetreskiВо врска со вчерашното усвојување на Деталниот урбанистички план за СРЦ „Билјанини извори“, актуелниот градоначалник побара да не се манипулира  јавноста со работата на Советот на општина Охрид. Истакна дека во Охрид нема да се гради никаков „Кинески ѕид“ туку објекти со градба од П+2 и П+4.

 

„Дневниот ред беше донесен во согласност со сите советници, а по претходно добиена согласност од Министерството за транспорт и врски“ – подвлече Петрески.

На пресот беше укажано на зачестената појава на реализирање на јавни анкети за партиски цели, со кои се повредуваат  граѓанските права на луѓето. „Партиски војници ги вознемируваат граѓаните и вршат пристисок врз нив“ – обвини Петрески и упати апел до сограѓаните да не одговараат на вакви анкети.

 

 

 

{loadposition content9}