Skip to main content

СВР Билтен: Недозволено поседување на пушка, агресивно однесување кон полицаец

Приведено лице од Слатински Чифлик, Дебрца поради недозволено поседување ловечка пушка и куршуми. Истиот ден, на 08.06.2021 е приведен маж од Охрид поради агресивно однесување кон полициски службеник.

 |   | 

На 08.06.2021, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 61-годишно лице од селото Слатински Чифлик, општина Дебарца.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 67 куршуми различен калибар кои ги поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.-информираат од СВР Охрид.

Истиот ден, на 08.06.2021 година во 16,20 часот, во СВР Охрид приведен е 56-годишен маж од Охрид, поради агресивно однесување кон полициски службеник кој, на улицата „7 ноември“ во Охрид преземал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.