Skip to main content

Скоро една деценија „Брег на младоста“ го шири акцијашкиот дух кај младите

Клубот годинава се поднови со простории што ќе им го олесни функционирањето. Брег на младоста брои 200 млади членови и околу 100 ветерани а од вчера нивен почесен член е и внукот на Тито, Јошка Броз.

 |  Кристина Алексиеска  | 




Десеттата година од дејствувањето, Акцијашкиот клуб „ Брег на Младоста “ ја отпочнува во нови простории кои на клубот им беа доделени од страна на Општина Охрид и ЈП „ Градски пазар “. Оваа организација во изминативе девет години од постоење и работење оствари бројни акции кои беа значајни за Охрид но, и многу пошироко.

„ Ревизиравме многу активности , бевме на многу работни акции како во градов, републикава и надвор од Македонија . Кога во  Србија кога ја зафатија големите поплави во 2014 – та година, кога Скопје го зафатија големите поплави 2016 година, бевме во Нови Пазар 2019 година на работната акција „ Рибарче“ којашто беше од еколошки карактер , а овде секоја година организираме по 5-6 еколошки акции за расчистување на брегот на  езерото. Не престанавме ни за време на пандемијата, во текот на оваа година реализиравме две акции за расчистување на брегот на Охридското езеро. “- изјави Зоран Стевоски, претседател на АК „ Брег на младоста “


Целта на овој клуб е да го пренесе духот на акцијаштвото на младите луѓе. Стевоски вели дека тука ги учат да бидат солидарни , хумани и пријателски настроени, во што се чини дека успеваат.

„ Нашиот клуб брои  200 млади членови и околу 100 ветерани . Соработка имаме со осум клубови од Македонија и околу 40 клубови од бивша Југославија . Направивме една едукативна работилница за нови млади  членови од седмо и осмо одделение во спортската сала „ Христо Узунов“ На наше задоволство многу млади се заинтересирани за акцијаштвото. “-вели Стевоски.

Највозрасен член на клубот од вчера официјално е и Јошка Броз, внук на Јосип Броз Тито кој присуствуваше на свеченоста по повод девет години постоење.  Инаку,   на иницијатива на АК „ Брег на младоста “ во Македонија  се формирани уште 8 клубови.