Skip to main content

Во целост ќе се конзервира и реставрира ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо

Во тек е реализацијата на проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо (IV-V век), информираат од Завод и Музеј Охрид.

 |   | 

Во тек е реализацијата на проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо (IV-V век), информираат од Завод и Музеј Охрид.

Во првата фаза е извршено расчистување на просторот со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и изработка на Елаборат за поставување на кровна конструкција над целата базилика. Проектот го раководи д.и.а. Анита П. Танеска, виш конзерватор за архитектура од Завод и Музеј – Охрид.