Skip to main content

Се отстрануваше платформата на плажата Потпеш

Започна остранувањето на платформите на плажата Потпеш во Охрид. Концесионерите доброволно отстрануваа се што е до езеро, но бараат законите на државата да важат подеднакво за сите. Како во Струга, така и концесионерите во Охрид да најдат законска рамка и да продолжат да работат.

 |   | 

И концесионерите на плажата „Потпеш“ во Охрид започнаа со доброволно уривање на платформите во Охридското езеро. Бараат по примерот на Струга откако ќе ги отстранат градбите кои не се во согласност со Планот за управување, да продолжат со работа. Го повикаа премиерот Заев и вицепремиерот Груби законите да важат подеднакво за сите.

Му праќам порака на вицепремиерот Артан Груби да не посети и нас и да ни каже начин како и ние да работиме ова е нели едно општество за сите. Бараме исти услови да отстраниме неправилности кои задираат во Планот на Унеско и да продолжиме да работиме. Имаме луѓе зад нас, вработени, имаме неплатени долгови ради пандемијата“.– вели Томе Тримче.

Велат од јавна депонија направија репрезентативен угостителско-туристички објект каде безброј странци уживаа во убавините на Охрид. Сакаат легално да продолжат со работа, да плаќаат закуп како до 2018 година, а вработените да не останат на улица.

Сме на располагање на градоначалникот, на премиерот, да ги претставиме, колку вработени сме имале, колку данок сме платиле, колку сме оствариле, колку према јавни претпријатија и редовно сме имале спасители на плажите, вработени на плата“, додава Тримчев.

Јас сум еден од сезонските вработени имаше и сезонски и редовно вработени, како што гледате ние останавме без работа и чарето ќе го бараме надвор од државата ако можеме да најдеме, ако не, сите остануваме без работа.“– вели еден од сезонски вработените.

Пред десеттина денови ЕВН им ја исклучи струјата на угостителските објекти кај каналот Студенчишта и Канео, а градоначалникот ги повика да престанат со работа.

Струјата ни е исклучена. Ние имаме поднесено жалба до Регулаторна Комисија и до Основен суд Охрид, бидејќи ние од ЕВН не добивме никакво известување одговорно тврдам за исклучување на струјата“, вели Тримче.

Концесионерите на Потпеш бараат еднакви услови, објектите да работат се до изнаоѓање на законско решение. Во Струга се отстрануваа платформи, но угостителските објекти на плажите не добија забрана за работа.

Новинар Соња Рилковска