Skip to main content

Археолошки истражувања во заштитената зона на Охрид

Во текот на мај и јуни, беа извршени неколку заштитни археолошки истражувања во заштитената зона на градот Охрид.

 |   | 

Во текот на мај и јуни, беа извршени неколку заштитни археолошки истражувања во заштитената зона на градот Охрид.

Со последните истражувања кои се одвиваа на локација во старото градско јадро беа откриени неколку средновековни погребувања со богати прилози, какви што се стаклени и бронзени белегзии, бронзени и посребрени наушници, бронзени и сребрени прстени и други наоди кои се карактеристични за периодот од X-XIV век.

Истражувањата ги раководеше Анатоли Арнаудоски, виш кустос археолог од Завод и Музеј – Охрид.