Skip to main content

Жителите на „Абас Емин“ се жалат на застој

Жителите на „Абас Емин“ се жалат на застој, непроодност на улицата, блокирани приоди и проблеми со водоснабдување. Вчера попладне камион од механизацијата без никаква најава ја блокираше улицата еден час, што предизвика кавга со жителите. Бараат да се убрза реконструкцијата. Градоначалникот Георгиески уште на стартот на овој проект ги повика граѓаните на разбирање, бидејки се работи за комплексен проект.

 |   | 

Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ предзвикува револт кај граѓаните кои живеат на тој потег. Секојдневно се соочуваат со застој, непроодност, механизаација која им ги блокира приодите до домовите, проблеми со водоснабдувањето.

Последниот инцидент се случи вчера попладне кога камион ја блокираше улицата без никакво известување, не информираа граѓаните. Еден саат жителите и минувачите немале никаков приод, а возачот одбивал да го тргне камионот.

Навистина не е фер ова. Една година тука ми живее зетот идам преку 50 пати  да чекам вака со саати. Никако не можам да излезам ни напред ни назад. Улицата е нон стоп бликирана“, вели еден граѓанин.

Жителите се жалат дека изградбата на улицата трае премногу долго, бараат од локалната да се забрза овој процес.

 Со роба идам, влечкам на раце се`. Нечесна работа на фирмата, вистина не е убаво, не сме задоволни. Да се убрза реконструкцијата подобро би било“, вели еден граѓанин.

Реконструкцијата на „Абас Емин“ започна  во април 2020 година. Градоначалникот на Охрид уште на самиот старт кажа дека се работи  за  сложен инфраструктурен проект, во текот на изведбата ќе има измени на сообраќајниот режим на улицата и упати  молба до граѓаните за разбирање при изведување на работите.

 

Новинар: Соња Рилковска