Skip to main content

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА КУРБАН БАЈРАМ

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан – Бајрам до сите охриѓани од исламска вероисповед и до Исламската верска заедница во државава со желби празникот да го минат во добро здравје и убаво расположение.

 |   | 

– Примете ги моите искрени желби овој голем верски празник да го минете во добро здравје, среќа и благосостојба . Посакувам празнувањата да ви минат  во духот на  традицијата и обичаите делејќи радост со најблиските  и пријателите. Во духот на празнувањето да се потсетиме на вистинските вредности, разбирање, толеранција и меѓусебно проштевање. Курбан бајрам е празник на дарувањето и солидарноста и укажува на неопходноста да се подаде рака и да се укаже помош на сите на кои тоа им е неопходно. Би сакал токму на овој голем празник, уште еднаш, да го изразам своето уверување дека Исламската верска заедница и сите нејзини верници како нераскинлив дел од македонското општество и понатаму активно ќе придонесуваат за градење почит и разбирање помеѓу различните вери и етникуми во нашата држава – стои во честитката на градоначалникот Георгиески за големиот верски празник Курбан Бајрам.