Skip to main content

Во градскиот архив сместена личната документација на писателот Видое Видически

За да се зачуваат важни културни и историски документи архивистите соработуваат со семејствата и прават фондови во дигитализирана форма. Во историскиот архив на Охрид се преземени пет лични фондови кои содржат значајни материјали.

 |   | 

Архивот на град Охрид збогатен со документација од писателот Видое Видически. Преземен е дел од личниот архивски материјал на писателот Видически кој содржи значајни материјали од неговата богата творечка и општествена дејност како основоположник на радио Охрид, Домот на културата и градскиот архив, информира Никола Митровиќ, директор на Историскиот архив на Охрид.

Огромно е значењето на оваа и на другите генерации кои ќе можат да ги прелистуваат пишаните работи на рака и на машина од Видое Видически, материјали кои изобилуваат со фотографии, поезија и проза, коишто сведочат за неговото богато творечко дело“.-вели Митровиќ.

Митровиќ напоменува дека архивистите постојано трагаат  по документи кои сведочат за локалната и Македонска историја. Во оваа работа мора да се има трпение и желба, а успех на архивистите е да преземат и сочуваат документи во ова депо. Споделува искуства во однос на соработката со семејствата кои поседуваат значајни фамилијарни документи  од своите предци и како го зачувуваат нивното творештво во дигитална форма.

Она што претставува семејно наследство макар било и пишан документ е малку посложено за преземање. Немаме проблем  кога ќе  укажеме дека оној што творел, една од неговите желби за постоење на тој лик е да ги предаде во архивот. Некогаш преземаме документи како што е во последниот период фотографиите од првата жена фотограф Танасија Волкоја Дајова. Нејзината правнука ни предаде дел од семејното наследство за дигитализација, а потоа го вративме назад“.-додава Митровиќ за Телевизија ТВМ.

Досега, во Историскиот архив на Охрид се преземени пет лични фондови кои содржат значајни материјали. Во фаза на преземање се материјалите од охриѓаните проф.д-р Никола Бошале, хроничар на Охрид, кој научно – истражувачката работа му ја посвети на родниот град од неговото далечно и поблиско минато и од историчарот на уметност и кустос Никола Целакоски.

 

Новинар : Валентина Неловска