Skip to main content

Улови слика

По повод денот на Националните паркови 21 јули, Јавната установа Национален парк Галичица распишува јавен конкурс за најдобра фотографија на тема: „Улови слика“.

 |   | 

По повод денот на Националните паркови 21 јули, Јавната установа Национален парк Галичица распишува јавен конкурс за најдобра фотографија на тема: „Улови слика“.

Фотографиите може да бидат креирани по слободен избор, согласно желбата и идејата на посетителите. Ве повикуваме да пријавите свои фотографии и да споделите искуство од посета на Националниот парк Галичица.

Услови за учество:

Право на учество имаат сите посетители и вљубеници на природата на Националниот парк Галичица со тоа што еден корисник може да објави една фотографија.

Фотографиите може да бидат креирани на различни теми како на пример приказ на пејсажните и пределски вредности, флората, фауната или геоморфолошки форми и појави.

Со тоа воедно ќе имате можност да се запознаете со уникатноста на Галичица од една страна, а од друга страна ќе допринесете за нејзина популаризација и промоција.

 

Фотографиите треба да бидат споделени на официјалната фејсбук страна на Националниот парк Галичица со таг #galicica.

Краен рок за споделување на фотографиите e петок, 23 јули 2021 год.

Награди и начин на наградување

Изборот на најдобрата фотографија ќе го врши три-члена жири комисија, составена од вработени во Јавната установа Национален парк Галичица.

Авторот на најуспешната фотографија ќе биде награден со пакет сувенири и обележја од Националниот парк Галичица, додека второ и трето пласираните ќе добијат промотивен материјал и благодарници за учество на конкурсот. Најдобрите фотографии ќе бидат изложени во инфоцентарот на ЈУНПГ.