Skip to main content

Кривична пријава за ресенчанецот кој лажно пријавувал поставени експлозивни средства во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот З.И. од ресенското село Горно Крушје.

 |   | 

Пријавениот, во два наврати, во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе СМС пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор, информираат од СВР Охрид.