Skip to main content

Со забрзано темпо се работи на Јане Сандански и Абас Емин

Зафатите на овие две сообраќајници се очекува да бидат завршени во првата недела од месец август. На улицата 15ти Корпус се завршени поголемиот дел од градежните работи.  

 |   | 

Привршуваат градежните зафати на реконструкција на трите градски сообраќјници Абас Емин, Јане Сандански и 15 ти Корпус. На улицата Јане Сандански изведувањето на градежните работи се одвива без проблеми.

Поставена е главната водоводна цевка и 2те секундарни линии, информира Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид.  

Во моментов се работи на поставување на приклучоците од домовите. Се надевам дека ќе бидат завршени градежните работи до првата недела од август кога ќе биде поставен и асфалтен слој. Работите се одвиваат по динамиката која беше предвидена и нема застој или појава на проблеми на таа улица – истакна Џамтоски.

Додека градежните работи течат без проблем на Јане Сандански таков не беше случајот со улицата Абас Емин. И покрај големиот број на проблеми кои се појавија на оваа улица во текот на реконструкцијата веќе е поставен вториот слој на асфалт од пресекот на Булевар Туристичка до улицата Охридска Бригада. Остануваат да се завршат уште 200 метри од пресекот на улицата Охридска бригада до нејзиниот завршеток. Во моментов, се нивелираат шахтите, сеуште не е поставен првиот слој на асфлат, но интензивно ќе се работи на тој дел и многу брзо и таму ќе се заврши целиот проект на улицата Абас Емин.

Дополнително ќе се решаваат проблемите со осветлувањето и тротоарите. На оваа улица во минатото многу од граѓаните узурпирале земјиште  и беше тешко да се работи на улицата во однос на приклучоците и заземеното градежно земјиште. Верувам дека до првата недала на август ќе бидат завршени  работите и на улицата Абас Емин – додава портпаролот на општина Охрид.

На улицата 15ти Корпус пак, се завршени поголемиот дел од градежните зафати. Поставен е асфалт, осветлувањето, обележани се велосипедските патеки. Останат за завршување е многу мал дел на бекатон плочки на приватен имот кој општината треба да го санира заради оштетување предизвикани од градежната механизација.