Skip to main content

Заев: Работиме на заштита на природното и културното наследство

„Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала“, рече премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид.

 |   | 

Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала – рече премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид.

Заев очекувал Охрид да биде ставен на листата загрoзени подрачја.

Одлуката ни беше најавена и мене и на градоначалниците на Охрид и на Струга, а тоа беше дека заштитата од УНЕСКО за Охрид и охридското крајбрежје ќе биде ставена во опасност, но благодарение на сите агрументи кои беа претставени од страна на Општина Охрид, Владата и Министерството за култура, кои што се во постојана дебата, како во текот на вчерашниот ден, така и денеска, навистина се менува сликата заради тие резултати кои досега се постигнати – рече Заев.

Заев истакна дека власта засилено работи на зачувување и заштита на природното и културното наследство.

„Целиот дел на ставање на режим на планот за управување со Охрид, чистењето на плажите. Тоа е нашето културно наследство, природно богатство кое мораме да го чуваме и благодарение на тие резултати го свртевме вниманието на сите експерти кои што дискутираа на заседанието на УНЕСКО. Сите знаеме дека Охрид ќе продолжи да се развива и мора да се развива. Развојот на Охрид не смее да биде запрен, но тоа мора да биде според план. Ни треба максимална поддршка од граѓаните – додава тој.

Посетата на Охрид, премиерот ја искористи и за да изврши увид на реконструираната улица 15-ти Корпус заедно со градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески.