Skip to main content

Георгиески и Заев во посета на ОЕМУЦ

Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев извршија увид на инвестициите кои во текот на изминатиот период беа реализирани во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.

 |   | 

Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев извршија увид на инвестициите кои во текот на изминатиот период беа реализирани во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.

Како локална самоуправа особено сме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме и тековно работиме на голем број зафати во сите основни и средни училишта. Благодарение на посветеноста на локалната самоупаваи во соработка со Министерството за образование, ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби сосема нов лик.  Беше изградена нова спортска сала, реконструиран е покривот на училишната зграда, поставена е нова енергетски ефикасна фасада, поставени се нови пвц прозорци, нови подови во сите училишни простории, реконстуирани се таваните и внатрешните ѕидови и поставено е ново осветлување – истакна градоначалникот Георгиески.

Тој информираше дека во моментот се изведуваат работни активности за реконструкција на спортските терени, а наскоро треба да започне обнова на подовите во ходничните простории и уредување на просторот пред влезот на училиштето.

Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев истакна дека задоволен е што тековно и континирано се инвестира за подобрување на условите во образованието особено во стручните училишта.

Ова училиште, како партнер на програмата за дуално образование има посебно место во нашиот образовен систем со оглед на фактот што за оваа новина во нашето образование посветуваме посебно внимание за да биде целосно и успешно имплементирана – истакна премиерот Заев.

Инаку, училиштето ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во соработка со компаниите „Костал“, ОДВ Електрик“ и „ЛТХ Леарница“ веќе има аплицирано на проект за опремување на сите кабинети за практична настава преку Германската банка за обнова (KfW).