Skip to main content

Охрид од UNESCO доби нова шанса

Со консензус е донесена одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО – природното и културното наследство, Охридски Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

 |   | 

Со консензус е донесена одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО – природното и културното наследство, Охридски Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

Градоначалникот на Општина Охрид Константин георгиески на својот фејсбук профил напиша дека одлуката на комитетот за светско природно и културно наследство на УНЕСКО за Охридскиот регион е вистинска потврда за нашите досегашни заложби, во исполнувањето на дадените препораки.

„Ова особено се однесува на успешните и сериозни активности кои Општина Охрид ги реализираше во делот на отстранување на бесправните градби, уредување на крајбрежјето и доследното почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство.За мене оваа одлука е нова енергија и мотив да продолжиме уште посилно во спроведување на решенија, кои ќе значат зачувување на статусот на светско наследство, што веќе 40 години го поседува овој регион. Во името на граѓаните на Охрид, упатувам благодарност до Комитетот за дадената шанса, со уверување дека ќе ги вложиме сите напори за да покажеме дека знаеме да го чуваме и да грижиме за непроценливото богатство кое го имаме.“

Премиерот на Владата на РСМ пак со став дека ова е признание за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот Регион, но и најсилно предупредување дека сите мораме да се вложуваме и постојано да го штитиме охридското, македонското, светското наследство.

„Во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел соодветна рехабилитација и за бескомпромисна имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион.Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство и во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебрца и со граѓаните, ќе продолжиме да работиме посветено во таа насока. Го штитиме нашето природно и културно наследство затоа што тоа е наше и светско културно наследство кое треба да го предадеме и на идните генерации. Со заштитата според највисоките стандарди од препораките на УНЕСКО за Охридско-струшкиот Регион го подобруваме и квалитетот на живот на граѓаните и го афирмираме владеењето на правото.“