Skip to main content

Едно лице загина во сообраќајната несреќа кај Врбјани

На 25.07.2021 во 18.20 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани – општина Дебрца, помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(61) од село Долна Белица, струшко и патничко моторно возило „тојота корола” со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(64) од Охрид.

 |   | 

На местото на незгодата починал Г.Р., додека со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., неговиот сопатник С.Б.(62) од Охрид и шестгодишно дете, сопатник во патничкото моторно возило „фолксваген голф”. Со телесни повреди се здобило 10- годишно дете, сопатник во патничко моторно возило „фолксваген голф” од село Долна Белица, струшко. На лицата им била укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. На местото на настанот, увид изврши од увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.