Skip to main content

7 возачи од Охрид казнети за возење под дејство на алкохол

На 24/25.07.2021 година од 23 до 05 часот, на целото подрачје на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници кај 14 возачи констатирале присуство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-05).

 |   | 

Тие се исклучени од сообраќај и против нив се поднесени соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел, зголемување на степенот на безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта – информираат од СВР Охрид.