Skip to main content

Планинската спасителна служба спасила Украински параглајдерист

Планинската спасителна служба интервенирала во евакуација на Украински параглајдерист. Украинецоит заглавил на 15-тина метри над земјата во букова шума. Принудно слетал и се закачил на високо стебло во месноста Војтино.

 |   | 

Охридската планинската спасителна служба интервенираше во евакуација на Украински параглајдерист. Параглајдеристот не бил повреден, но поради висината на стеблото на кое се закачил, не можел самостојно да се спушти.

Бил мобилизиран еден тим од ПСС, кој со теренско возило и соодветна техничка опрема се упатил на терен. Тимот пристигнал на 1300 м надморска височина, длабоко во густата букова шума на Војтино, каде ги затекнале пријателите на заглавениот параглајдерист. Тие претходно 5 часа безуспешно се обидувале да му помогнат. Веднаш бил поставен систем за извлекување на параглајдеристот, кој беше заглавен на 15-тина метри над земјата.

За кратко време, бил безбедно спуштен и заедно со неговите пријатели транспортиран до асфалтниот пат Охрид – Св. Наум, од каде ги презело нивно возило. За жал, поради безбедносни причини, беше невозможно да се спаси и крилото на параглајдерот, кое било со видливи оштетувања. Леталото останало да виси заглавено на високата крошна од дрвото.