Skip to main content

Ребаланс на буџет на Општина Охрид на 62та Седница на Совет

Советниците ќе одлучуваат за измени на 15 програми со што ќе се врши алокација на буџетските средства.

 |   | 

Утре на 62 седница на Совет закажана за во 11 часот на дневен ред пред градските избраници ќе се најде предлог ребаланс на буџетот за 2021 година.

Советниците ќе одлучуваат за измени на 15 програми со што ќе се врши алокација на буџетските средства. Меѓу другите измени ќе претрпат програмата за поддршка на локалниот економски развој, за поттикнување на развојот на туризмот, програмата за млади и невладини организации, за култура, спорт и рекреација, образование, заштита на животната средина и природата како и програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година.

Од вкупно 22 точки на дневен ред, покрај ребалансот останатаите точки се однесуваат на одобрување на планската програма за Ковид центарот во комплексот на општа болница, предлог Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Охрид и за вработување во ЈП „Билјанини извори“ за 2022 година, предлог одлука за утврдување локации за поставување подземни контејнери на подрачјето на општина Охрид. Советниците ќе се изјаснат и за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши  ЈП”Градски гробишта” Охрид .