Skip to main content

Француска вечер на „Охридско лето“ со звуците на харфа

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе ја организира традиционалната Француска вечер на која ќе настапи француската харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

 |   | 

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе ја организира традиционалната Француска вечер на која ќе настапи француската харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Високо оценета од музичката критика за „јасноста и умешноста на звукот“, Елоиз Карлеан-Џонс е млада француска харфистка која настапува како солист, камерен и оркестарски музичар.

Карлеан-Џонс се закитува со златен медал на четвртиот Менхетен натпревар за харфисти во 2019 година и настапува ширум светот од Карнеги Хол до салата на Виенскиот „Концертхаус“. Како камерен музичар настапува на фестивалите во Аспен и Тангелвуд, а како член на оркестар свири со Бостонскиот симфониски оркестар и со оркестарот во Филаделфија. Во 2020 година е примена да биде харфистка на Оркестарот на гардата во Париз.

Нејзиниот репертоар се протега преку неколку музички епохи и таа покрај музиката на барокните мајстори често изведува и дела од современи композитори. Нејзините внимателно одбрани програми ја привлекуваат публиката, а таа настојува да ја ангажира преку вешто направени аранжмани на популарна или фолк музика со што директно го проширува репертоарот за овој инструмент.

Елоиз е магистрант на Музичката академија на универзитетот „Јеил“, а дипломира на „Кертис“ институтот за музика здобивајќи се со диплома за музичка изведба и диплома за историски практики на интерпретација.

Француската вечер на „Охридско лето“ се организира во соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје.