Skip to main content

Повторно одложена претставата „Крик за љубов“

Поради подготовка на нов проект со режисерот Сашо Миленковски, се одложува театарската претстава „Крик за љубов“ која што беше закажана за 16.09.2021 (четврток ).
 |   | 
Театарската претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ” – Жозиен Басалко во режија Љупчо Ѓоргиевски закажана за четврток 16.09.2021 година се одложува, поради подготовка на нов проект со режисерот Сашо Миленковски, информираат од НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
 
Оттаму додаваат дека за точниот термин на одржување на претставата јавноста ќе биде дополнително информирана. Картите ќе важат, но истите и ќе може да се заменат на билетара.