Skip to main content

Обновен лектирниот фонд за учениците во средно образование

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија.

 |   | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година се потруди да го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија.

Старите и амортизирани книги заминуваат во депото на библиотеката, а со новата набавка не само што е извршена нивна замена, туку и бројот на примероците е далеку поголем за повеќе ученици одеднаш да можат да го прочитаат бараниот наслов.

Од новата понуда на старите, добри наслови ги издвојуваат:

„Злосторство и казна“ од Достоевски, „Декамерон“ од Бокачо, „Граванот“ од Е. А. По, „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, „Избрани раскази“ од Чехов, „Страданијата на младиот Вертер“ од Гете и македонските „Црно семе“ од Ташко Георгиески и „Парадоксот на Диоген“ од Томе Арсовски.

Издавачи на овие книги се: Матица македонска, Мисла и Македонска книга и Панили.

Потсетуваме дека годишната членарина за ученици е 200, а за возрасни 300 денари.

Работното време на пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот.