Skip to main content

Навивачката група „Рибари“ доби забрана за присуство на ракометното дерби

И покрај сите наши напори и заложби на секој можен начин, за жал добивме одговор дека имаме забрана да присуствуваме на утрешното дерби помеѓу екипите на РК „Охрид“ и РК „Струга“, објавија на официјалниот профил од навивачката група „Рибари“ од Охрид.

 |   | 

Крајно сме разочарани и бесни од овој однос бидејќи дадовме план како може да присуствуваме и двете навивачки групи во одреден број спрема протоколите но слух за нашите барања немаше. Единствено добивме само закани со пријави и насилно отстранување од салата, доколку се појавиме на утрешниот натпревар. Спортските натпревари се за навивачите – потенцираат од „Рибари“.