Skip to main content

Пронајден канабис кај жител на Лескоец

Приведено е 38-годишно лице од охридското село Лескоец, кај кого во неговиот дом полицијата пронашла седум стебла растенија Канабис.

 |   | 
Марихуана

На 15.09.2021 година, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е М.Л.(38) од охридското село Лескоец, кај кого, при претрес извршен по судска наредба во неговиот дом, пронајдени и одземени се седум стебла растенија Канабис, засадени во саксија.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР.