Skip to main content

10 новозаболени, 1 оздравено и 1 починато лице во Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.885 тестирања, при што се регистрирани 557 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

 |   | 
Модуларна болница Охрид

Во текот на последните 24 часа се направени 3.885 тестирања, при што се регистрирани 557 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 268
• Куманово 39
• Велес 29
• Кавадарци, Кичево и Струмица по 19
• Тетово и Штип по 17
• Прилеп 16
• Радовиш 15
• Кочани 12
• Битола и Охрид по 10
• Кратово 8
• Свети Николе 7
• Гевгелија, Гостивар и Ресен по 6
• Валандово и Неготино по 5
• Делчево, Крива Паланка и Струга по 4
• Виница и Пробиштип по 3
• Македонски Брод 2
• Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово по 1

Пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81, 78, 78, 77, 76, 75, 74, 72, 72, 65 и 58 години), по 3 починати лица од Струмица (85, 78 и 74 години) и Тетово (77, 69 и 69 години), по 2 починати лица од Гостивар (78 и 63 години) и Куманово (68 и 45 години), по едно починато лице од Битола (74 години), Кичево (78 години), Валандово (83 години), Кавадарци (74 години), Гевгелија (87 години), Охрид (59 години) и Струга (62 години). Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 572 оздравени пациенти од:

• Скопје 281
• Куманово 39
• Битола 33
• Тетово 27
• Струмица 24
• Кавадарци и Кичево по 21
• Гостивар 20
• Прилеп 14
• Радовиш 12
• Дебар 11
• Штип 10
• Ресен и Крива Паланка по 9
• Пробиштип 7
• Велес и Кочани по 5
• Неготино и Валандово по 4
• Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Виница по 3
• Охрид, Богданци, Кратово и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирање на Covid-19. Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450 бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.