Skip to main content

УСПЕШНО ЗАВРШЕНА САНАЦИЈАТА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈАТА НА СТАРИОТ ЧИНАР ВО „ВОСКА“

Активностите за санација и ревитализација на Стариот чинар во „Воска“, кои беа предвидени со договорот склучен помеѓу општина Охрид и фирмата „Форест – Фагус“ завршија. Санацијата и ревитализацијата траеше 10 дена.

 |   | 

За зачувување на автентичноста на чинарот беа упоребувани природни материјали, а дополнително дрвото се третираше со заштитни инсектициди и фунгициди. Се очекува по извесен период повторно да се вратат природните карактеристики. Дополнително покрај чинарот е поставена и информативна табла на која се наведени неговата старост од 600 години, како и латинскиот назив и народните имиња на повеќе јазици.