Skip to main content

„Гладијаторите“ ја совладаа Струга

Ракометарите на ГРК Охрид славеа во „езерското“ дерби во рамки на второто коло од Супер лигата.

 |   | 

Ракометарите на ГРК Охрид славеа во „езерското“ дерби во рамки на второто коло од Супер лигата.

„Гладијаторите“ ја совладаа Струга со 19-21 (11-11), со што ја оправдаа фаворитската улога. Одлучувачки момент беше одбраната на голманот Јагош Брауновиќ во последните минути на натпреварот. Иако не им беше дозволено присуство во сала, тоа не ја спречи навивачката група „Рибари“ еуфорично да ја прослави победата на ракометарите по враќањето од Струга.

„Гладијаторите“ моментално имаат 6 бодови, а следен противник ќе им биде Вардар на домашен терен.