Skip to main content

ОД ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ БАРА ПОТВРДА ЗА ПРИМЕНИ ДВЕ ДОЗИ ВАКЦИНА

Се најавуваат нови рестриктивни мерки – од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози.

 |   | 

Со една доза вакцина од наредниот месец нема да може да влезете во кафуле, кафеана, трговски центар или било каков настан. Од октомври ќе се признава само доказ за две примени дози, вели Министерот за здравство Венко Филипче кој епидемиолошката состојба ја оценува како стабилна. Оваа мерка се менува бидејќи ја постигнала целта за зголемување на интересот на вакцинација, па на ред е следната – целосна имунизација на што поголем број граѓани. Сега имунизирани со две дози од возрасното население е 46 %, а на тоталната популација е 37 отсто.

Министерот Филипче кој првпат по понудената оставка одговараше на новинарски прашања посочи дека не бега од одговорност и дека здравствениот систем мора да се менаџира, а засега не добил одговор од премиерот Зоран Заев. Оставките, пак, на директорите на тетовската болница остануваат статуси на социјалните мрежи.

Според Министерот Филипче ако не биле модуларните болници ќе ни се случело италијанско сценарио, а во однос на тоа дали е превземено нешто да не се повтори трагедијата од Тетово, уверува дека е направена внатрешна контрола од страна на самите болници и тие се безбедни. Сепак, додека трае истагата, градбата на започнатите модуларни поликлиники е ставена на пауза.