Skip to main content

17-годишно момче од Мешеишта загина во сообраќајна несреќа кај Ботун

Во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 03 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун, загина 17 годишно момче од Мешеишта. 

 |   | 
Полиција

Во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 03 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун, загина 17-годишно момче од Мешеишта.

Патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски таблички управувано од 17-годишно момче од Лешани, општина Дебрца, излетало од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, а неговиот сопатник од здобиените повреди починал на лице место. Екипа од СВР Охрид извршила увид на лице место.