Skip to main content

Георгиески ветува нови инвестиции за партерно уредување, нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација

„Во текот на престојниот мандат предвидуваме низа нови инвестиции за партерно уредување и формирање на нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација, кои ќе имаат големо значење и ќе придонесат за туристичкиот развој на Охрид“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Константин Георгиески.

 |   | 

„Во текот на престојниот мандат предвидуваме низа нови инвестиции за партерно уредување и формирање на нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација, кои ќе имаат големо значење и ќе придонесат за туристичкиот развој на Охрид“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Константин Георгиески.

Тој најави дека е подготвено идејното решение за изградба на нова пешачка патека од дрвен материјал што ќе се протега од Градското пристаниште до населбата „Канео“, изградена по сите стандарди за зачувување на животната средина. Ќе се иницира и уредување на Градското пристаниште, како и изградба на нови пешачки патеки во стариот дел на градот, во парк шумата „Кале“ и на потегот од градската плажа „Грашница“ до извидничкиот центар.

Веќе е подготвено идејно решение за изградба нова пешачка патека од дрвен материјал која ќе се протега од Градското пристаниште до населбата „Канео“. Оваа нова инфраструктурна содржина ќе ја збогати туристичката понуда на Охрид и значително ќе придонесе за подобра поврзаност на жителите од населбата „Канео“ со централното подрачје – кажа Георгиески.

„Со цел да се подобри целокупната крајбрежна инфраструктура, иницираме реконструкција и уредување на Градското пристаниште, но и на другите пристаништа во целата должина на крајбрежјето. Остануваме посветени на реализирање на идејата за изградба на нов градски кеј и нова марина за пловни објекти, со целосно почитување на препораките на УНЕСКО. Покрај проектите за уредување на брегот на езерото, предвидуваме и изградба на нова пешачко – рекреативнa патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот спортско рекреативен центар во должина од 265 метри. Пред извесно време започнаа дел од подготвителните активности, кои му претходат на овој проект. Според идејното решение, патеката е предвидено да има аморфна форма со променлива ширина и ќе биде опремена со модерна урбана опрема и осветлување. Патеката ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите. На западната страна е предвидено да има и велосипедска патека за да има целосно рационално користење на просторот. Во недела на 17-ти октомври да ја дадеме поддршката за бројот 12 и да обезбедиме подобар развој и напредок на Охрид“. – додаде Георгиески на денешната прес конференција.