Skip to main content

Питошеска: Ќе отвориме канцеларија за техничка поддршка за подготовка на документи за старт ап бизниси и инвестиции

За да ги поддржиме идеите за отпочнување на бизнис ќе направиме регистар на сите компании и дејности кои се регистрирани во нашата општина, кажа на денешниот прес Марија Питошеска, кандидатка за советничка од редовите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина.

 |   | 

Бизнис заедницата е важен партнер на општината и ние продолжуваме да работиме на активности кои ќе ја унапредат бизнис климата. За да ги поддржиме идеите за отпочнување на бизнис ќе направиме регистар на сите компании и дејности кои се регистрирани во нашата општина, кажа на денешниот прес Марија Питошеска, кандидатка за советничка од редовите на СДСМ и коалицијата.

Најави отворање канцеларија за техничка поддршка за подготовка на документи за старт ап бизниси и нови инвестиции.

Новите инвестиции и стартапи ќе имаат на располагање личен административец од општината, службеник кој ќе им асистира во административните постапки, со цел да обезбеди завршување на сите процедури во најкраток рок. За да можеме да понудиме квалитетна и разновидна услуга и да се креираат нови работни места, ќе продолжиме со спроведување на мерки за поддршка за дополнителна едукција на граѓаните . Во туристички град, каков што е Охрид, познавањето на англискиот јазик е неопходно. Затоа ќе креираме програми за изучување на англискиот јазик за сите заинтересирани лица од сите возрасти, покривајќи половина од трошоците.Предвидуваме организирани обуки за занаети, вклучувајќи ги и традиционалните и современите. Преку нив, им помагаме на граѓаните да се стекнат со нови вештини и знаења и да започнат свој бизнис. Општината ќе партиципира со половина од трошоците за овие обуки – кажа Питошеска.