Skip to main content

Цветковски : Народот бара правда и основни услови за живот

Охрид треба да биде најбогат град во Македонија, а не град од кој се иселуваат луѓето. Нема да си одиме од дома, решивме да се бориме за Македонија, а Охрид е прв во битката, порача на синоќешниот митинг во населбата Видобишта, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ТМРО, Гоце Цветковски. Вети домаќинско и чесно работење за решавање на основните проблеми на граѓаните и Охрид да стане еколошки туристички центар преку целата година. 

 |   | 

Народот бара правда и основни услови за живот, кажа Гоце Цветковски кандидат за Градоначалник на Охрид од ТМРО на синоќешниот митинг во населбата Видобишта. Во Охрид има многу проблеми кои треба да се решат, но досега династиите коишто владеат, како што рече Цветковски, не покажаа интерес за решавање на основните проблеми на граѓаните.

Истите проблеми се и во Видобишта, Лескоец и во Лакочереј и во Охрид. Тие сакаат плоштадот да го прават. Не го прашаа народот дали сакаат плоштад да се направи. Сите бараат основни услови за живот, а овие плоштадите ќе ги реновирале на секое. Луѓето канализација немаат, овие плоштадите ќе ги реновираат. Не можат да излезат со подобра идеја – кажа Цветковски.

Нема да се иселуваме, нема да си одиме од дома, решивме да се бориме за Македонија, Охрид е прв во битката, рече пред присутните Цветковски. 

Нашата судбина е врзана со нашето езеро. Охридската судбина е поврзана со струшката, со Поградец. Ние живееме во овој еко систем и мора да се грижиме за Охридското езеро и  за Македонија која треба да ја градиме за да има иднина за нашите деца. Да не се иселуваат наште деца – вели Цветковски.

Ќе направиме Охрид да биде туристички центар и во лето и во зима, ќе поддржуваме локални брендови и производи, да се унапреди земјоделското производство и да се чува животната средина, порача Цветковски. 

Планирам Охрид да биде еко град, да нема отпад, да се рециклира отпадот, да се произведува електрична енергија од отпад. На сите јавни установи да има фотоволтаични панели, да бидат самоодржливи. Да има субвенции за земјоделците и малите бизниси, да се стимулираат локалните брендови, да се вработуваат луѓе – додаде Цветковски.

Цветковски обвини дела власта и на локално и на централно ниво е корумпирана и дека за лични интереси се уништува државата и животот на граѓаните. Тој ги повика граѓаните да гласаат за него за да се случи промена, доколку сакаат да заврши корупцијата и крадењето на народни пари.