Skip to main content

АК „Охрид Трчат“ со низа успеси на Националното првенство во Куманово

Во организација на Атлетска Федерација на Македонија изминатиот викенд во Куманово се одржа Националното првенство за Млади пионери/ки, генерација 2008-2013. Натпреварот се одржа на 09.10. (сабота) и на истиот Атлетскиот Клуб “Охрид трчаТ” учествуваше со вкупно 32 атлетичари. 

 |   | 

Во организација на Атлетска Федерација на Македонија изминатиот викенд во Куманово се одржа Националното првенство за Млади пионери/ки, генерација 2008-2013. Натпреварот се одржа на 09.10. (сабота) и на истиот Атлетскиот Клуб “Охрид трчаТ” учествуваше со вкупно 32 атлетичари. После одржувањето на натпреварот се одржа и традиционалниот атлетски натпревар по повод националниот празник 11-ти октомври, Атлетски Митинг “11-ти октомври” во организација на Атлетски Клуб “Куманово” на кој АК “Охрид трчаТ” учествуваше со еден свој атлетичар.

На првенството за млади пионери АК “Охрид трчаТ” ги постигна следните позабележителни резултати:

60м. жени – 2-ро место Јана Димоска , време 8,58сек;
Скок во височина жени – 3-то место Тамара Чолеска, 110цм;
Скок во далечина жени – 1-во место Јана Димоска, 3,76м;
Ѓуле жени – 2-ро место Сара Спасеска, 5,98м ;
Ѓуле жени – 3-то место Сара Петреска 5,64м ;
Штафета 4х50м жени – (неофицијално 1-во место, се чека официјална потрврда на резултатот од страна на АФМ)

После завршување на првенството се одржа горенаведениот атлетски митинг на кој нашиот учесник Владимир Пердулоски ги постигна следните резултати:

60м. мажи – 1-во место Владимир Пердулоски, време 7.11сек ;
Скок во далечина мажи- 3-то место Владимир Пердулоски, 5,42м;
Резултатите на Владимир Пердулоски дополнително беа наградени со пехар како најзабележителни резултати на митингот постигнати во машка конкуренција.