Skip to main content

Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс

Во рамки на активностите посветени на Меѓународниот ден на стари лица, а во пресрет на Неделата на грижа за стари лица (15-21 Ноември), Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Заедно за убав и хуман свет“.

 |   | 

Во рамки на активностите посветени Меѓународниот ден на стари лица, а во пресрет на Неделата на грижа за стари лица (15-21 Ноември), Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Заедно за убав и хуман свет“.

На конкурсот може да учествуваат ученици од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебрца со дела од поезија, проза и ликовна уметност.

Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, започнувајќи од 13 октомври, а најдоцна до 10 ноември 2021 година.

Доставените творби ќе ги разгледува и оценува соодветна комисија, а најдобро рангираните творци по категории: прво до петто одделение; шесто до деветто одделение и средно образование, ќе бидат објавени во втората половина на ноември 2021 година, кога и ќе им се доделат соодветни награди.

Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.