Skip to main content

Георгиески : Продолжуваме да инвестираме во нова спортска и рекреативна инфраструктура

Охрид ќе биде град каде што спортот и физичкото образование ќе бидат примарни за здравјето на сите граѓани, најави Константин Георгиески кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Продолжуваме да инвестираме во нова спортска и рекреативна инфраструктура, кажа Георгиески и најави уште една нова трибина на стадионот „Билјанини извори“.

 |   | 

Во континуитет вложуваме средства за развој на спортот, за поддршка на спортските клубови. Се поддржуваат и спортските манифестации и настани за промоција на градот и поттикнување на здравите животни навики и збогатување на туристичката понуда, истакна Георгиески кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата.

Само оваа година од буџетот на општината беа издвоени 27 милиони денари за спорт, од кои 9 милиони денари за ракометниот клуб „Охрид“ кој е прволигаш, 6 милиони денари за Фудбалскиот клуб „Охрид“, 2,7 милиони денари за фудбалскиот клуб „Воска“, а со остатокот од средствата се субвенцираат фудбалски школи и разни други спортови – вели Георгиески.

Обезбедивме изградба на нова трибина на источната страна на градскиот стадион „Билјанини извори“ во вредност од 1 милион евра. Трибината има капацитет од 1480 седишта и е изградена по сите современи стандарди, а ќе обезбедиме и посовремени услови за спортски туризам, рече Георгиески.

Во текот на претстојниот мандат ќе градиме уште една нова трибина на стадионот „Билјанини извори“ од западната страна на стадионот и поставување на две нови монтажни трибини. Со ова, Охрид ќе добие функционална и современа фудбалска арена со 5000 седишта, на која ќе може да се играат натпревари од А селекцијата – додаде Георгиески.

Продолжуваме да инвестираме во нова спортска и рекреативна инфраструктура во поранешна касарна. Предвидуваме програми за спорт за вон наставни спортски активности во основните и средните училишта. Поттикнуваме изградба и обнова на училишните спортски сали и терени и нови маалски игралишта и баскет терени. Подготвуваме проекти за подобри услови за развој на водените спортови, порача Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од СДСМ и Коалицијата.