Skip to main content

Божиновски : Гарантираме изградба на нова современа градинка и реконструкција на постоечките

Децата имаат право на простор во кој ќе играат, спортуваат, ќе развиваат здрави навики и ќе уживаат во безгрижно детство. Затоа гарантираме изградба на нова градинка и на детски и мултифункционални спортски игралишта, кажа кандидатот за советник од Вмро Дпмне и Коалицијата, Перчо Божиновски. 

 |   | 

Гарантираме изградба на нова современа градинка и реконструкција на постоечките, кажа на денешниот прес Перчо Божиновски, кандидат за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија. Проблемот со листите на чекање за запишување на децата во градинка мора да се реши.

Во насока на континуирано и трајно решавање на овој проблем, Охрид има да добие нова современа градинка со која значително има да се зголеми капацитетот за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, додека за постоечките градинки следи реконструкција – кажа Божиновски.

Гарантираме изградба и реконструкција на детски современи игралишта на повеќе локации во општината затоа што децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство, рече Божиновски. Најави и изградба на нови мултифункционални спортски игралишта.

Во периодот што следи сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој и затоа се определуваме за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Од таа причина, во Велгошти до спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште се обврзуваме за изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога – вели Божиновски.

По барање на граѓаните во согласност со нивните потреби, изградба на спортски игралишта уште на две локации, најави Божиносвки и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 7 за Промени, Проекти и Победи.