Skip to main content

КИЧЕЕЦ: ОХРИД Е ЗАБОРАВЕН ГРАД ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ

Кандидатите за членови на охридскиот совет денеска на прес конференција изнесоа дел од забелешките, предлозите и пораките кои ги слушале од граѓаните на непосредните средби со граѓаните за време на кампањата. Од слушнатото и запишаното, како единствен заклучок се наметнува констатацијата дека Охрид е заборавен град од централната власт, која и да била во изминативе триесет години, кажа кандидатката за советничка од „Охрид пред се“, Леона Кичеец.

 |   | 

Кандидатите за членови на охридскиот совет денеска на прес конференција изнесоа дел од забелешките, предлозите и пораките кои ги слушале од граѓаните на непосредните средби со граѓаните за време на кампањата.  Од слушнатото и запишаното, како единствен заклучок се наметнува констатацијата дека Охрид е заборавен град од централната власт, која и да била во изминативе триесет години, кажа кандидатката за советничка од Охрид пред се, Леона Кичеец.

„Без исклучок, сите оние кои на преден план го ставаат општиот пред личниот интерес, ги поставуваа истите круцијални прашања:

  1. Како може најголемиот, а за волја на вистината и единствениот, туристички центар во Република Македонија да нема никакво автопатско поврзување, да нема железница и да нема марина?
  2. Како може духовната престолнина и најзначајниот културен центар во Македонија да нема театар, концертна сала и библиотека достојна на неговото реноме?
  3. Како може градот на Атина и Дики Бојаџи, Климе Савин, Леко Радиќ и другите пливачки легенди, се уште, да нема затворен пливачки базен? “ – кажа Кичеец.

Од советничката листа „Охрид пред се“ јавно ги повикаа политичките партии да ги надминат сите теснопартиски и лични интереси, да се обединат и со политички консензус, сите заедно, да ги дефинираат капиталните стратешки приоритети на Охрид и за истите, без никакви отстапки, да се борат.