Skip to main content

Кривична за лице од Елбасан кој во Оровник беше фатен со марихуана во вредност од 350 илјади евра

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.М.(38) од Елбасан, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

 |   | 

На 07.11.2021 година околу 20 часот, на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, сопреа и извршија преглед во патничко возило „Цитроен Берлинго” со албански национални ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 100 килограми, чија вредност изнесува околу 350.000 евра – информираат од СВР Охрид.

Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор.