Работилници за еколошка едукација на учениците
Националниот парк „Галичица“ спроведува работилници за продуктивна еколошка едукација на учениците.
Националниот парк „Галичица“ спроведува работилници за продуктивна еколошка едукација на учениците.
Научивме за тоа што е Национален парк, на колку категории се делат заштитените подрачја, кои се природните и културните вредности на НП Галичица, што се загрозени и ендемични видови и за важноста на црвената листа на загрозени видови. Успешно спроведената активност ќе ни биде поттик и за понатамошна соработка со цел поблиску да ја доближиме важноста за грижата кон животната средина и биодиверзитетот до младата популација – информираат од НП.
Посветуваме големо внимание на еколошката едукација за деца преку која се трудиме да ја пренесеме важноста на животната средина и биолошката разновидност.
Работилница за безрбетниците беше релизирана и во Инфо центарот на НП Галичица-Стење, а се дружевме со учениците од ОУ „Мите Богоевски“ – Ресен. Важноста на безрбетниците е голема, сочинуваат 96% од целото животинско царство, тие се клучна компонента во синџирот на исхрана и исполнуваат многу екосистемски услуги, како што се опрашување, распаѓање и ослободување на хранливи материи – информираат од НП Галичица.