Skip to main content

Решен проблемот во вевчанско „Зодишта“

Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе кочовски информира дека е решен проблемот до месноста „Зодишта“.

 |  Голабовски Крсте  | 

Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе кочовски информира дека е решен проблемот до месноста „Зодишта“

„Пред 10 дена се обврзавме дека ќе го решиме проблемот со пропустите за вода на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште “Зодишта” и нема да дозволиме инвестицијата да пропадне“, напиша Кочовски.

Тој упати благодарност до изведувачите, градежната компанија “Маркоски К73” за брзата и квалитетна реализација на градежните работи.