Skip to main content

Се расчистуваа улиците Кленоец и Радојца Новичиќ

Екипите на „Јавна хигиена“ спроведоа активности за расчистување на ул. „Кленоец“ и ул. „Радојца Новичиќ“. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.

 |   | 

Екипите на „Јавна хигиена“ спроведоа активности за генерално расчистување на ул. „Кленоец“ и ул. „Радојца Новичиќ“. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.

Во изминативе есенски денови интензивно се спроведуваат активности за подигање на паднатите лисја од јавните површини како во централното подрачје, така и во периферните делови од градот. Подигнатите лисја се транспортираат до расадникот на Ј.П. „Охридски Комуналец“ каде понатаму се користат во процесот на компостирање.