Skip to main content

Туристичката соработка помеѓу Македонија и Украина ќе почне од здравствениот туризам

Директорот на АППТ, Љупчо Јаневски оствари средба со НЕ Наталиа Задорожнику, вд амбасадор на Украина, г-дин Витали Загајниј, заменик на началникот на Лавовската обласна државна управа и претставници на секторот туризам и меѓународна соработка од истата област. На средбата се презентираа туристичките потенцијали на двете земји, целите и идеите, се разменија искуства и начини за продлабочување на соработката преку туристичката индустрија иницијално, а потоа и на други полиња.

 |   | 

При нивната прва посета на Македонија се договорија идните чекори за развој на активниот, културниот и гастрономскиот туризам во двете земји и овозможување на поголема поддршка за промоција и вмрежување на приватниот туристички сектор. Лавовската област во Укарина е една од најголемите области во државата и е позната по здравствениот и естетскиот туризам.

Термалните води, спа, велнес и стоматолошките услуги им се развиени во повеќе пазари, а со Македонија очекуваат соработката да се развие токму во овој сегмент на туризмот. Идејата за инвестиции во нашата држава, вмрежувања и соработки е првиот чекор на Амбасадата на Украина во Македонија откако отпочна да оперира директната линија Киев- Скопје.